Порнешниот претседател и бивш лидер на СДСМ, Бранко Црвенковски, деновиве беше домаќин на поранешните претседатели на земјите од Балкан во Охрид.
Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски во чест на Црвенкоски и неговите гости, организирал свечен ручек, каде неизоставно било и фотографирање со експретседателот, објави Охридскај.
Како што може да се види од фотографијата, Црвенковски е со нов имиџ, односно, веќе не носи брада.
Инаку, Бранко Црвенковски заедно со гостите изминативе денови можел да се види низ охридската чаршија, во кафетериите и покрај брегот на Охридското Езеро.