Актерот Бранко Миличевиќ, попознат како Бранко Коцкица, со нож во чантата се обидел да влезе на седницата на градското собрание на Белград.
Вести пишуваа дека поранешниот водител заборавил на т.н швајцарски армиски нож во чантата, а обезбедувањето го задржало до крајот на седницата.
Тој за локалните медиуми изјавил дека поминувајќи низ детекторот за метал заборавил да го извади швајцарскиот армиски нож од џебот. Ножот бил задржан до крајот на седницата и на крајот му бил вратен.
Инаку, Бранко Коцкица водеше неколку детски ТВ-емисии во 70-тите и 80-тите години.
Денеска е пратеник во градското собрание на Белград.