Поранешниот фронтмен на култниот југословенски бенд „Азра“, Бранимир Џони Штулиќ, вчера на својот „Фејсбук“ профил најавил објавување на својот нов албум, а подоцна – за само два часа и го објавил.
„OSVEŽEЊE“ доаѓа по албумот „Сплет“ од 2021 година и „Каверн“ од 2022 година, кој се состои од дури 42 песни.
Новиот албум содржи 15 песни, главно обработки на традиционални и популарни песни, како и големиот хит на „Азра“, „Кад фазани лете“.
Штулиќ не објаснил ништо дополнително за албумот, а во објавата било додадено само дека е под лабел на „azramuzic“.
На „YouTube“ е достапно изданието „OSVEŽEЊE“ од 2015 година, но содржи само 7 песни од кои две обработки на традиционалните песни, Дека си била Стојанке“ и „Бело лице љубам јас“, не се најдоа на новото издание кое можете да го слушнете во продолжение.