Според медиумите во Велика Британија, принцот Хари и Меган Маркл немаат среќна иднина кога станува збор за нивниот брак. Кралските експерти сметаат дека овој брак нема да трае долго.
Лејди Колин, кралска експертка, вели дека овој брак нема да трае долго, бидејќи верува дека Меган е целосно исклучена од реалноста и поради лагите што ги кажа за време на интервјуто со Опра.
– Хари беше незадоволен и лут затоа што Меган изнесе многу лаги за време на интервјуто, но тој молчеше затоа што Меган е бремена и затоа што мисли дека нема враќање назад. Ако Хари сака да се смири со членовите на кралското семејство, кога и ако се случи развод, нема да му биде така лесно – вели кралскиот експерт.
Инаку, Меган не дојде на погребот на принцот Филип, наводно поради напредната бременост и поради тоа што лекарот ја советувал да не патува. Сепак, таа испрати цвеќе со порака што беше изложено покрај ковчегот.