Бразилски пејач колабира на сцената и почина пред публиката (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Бразилскиот госпел пејач Педро Енрике колабирал пред публиката за време на својот настап и според официјалниот извештај, починал на лице место од срцев удар.

Тој ја изведувал песната „Ваи Сер Тао Линдо“ на верски настан кој во живо се пренесувал на социјалните мрежи.

Членовите на бендот веднаш се обиделе да му помогнат по падот, но кога бил пренесен во болница, била констатирана смрт. Издавачката куќа на Енрике “Todah Music” за медиумите изјави дека доживеал срцев удар.

„Ова се тешки животни ситуации за кои нема објаснување. Мораме да разбереме дека Божјата волја е посилна од нашата“, велат од издавачката куќа.

Пред да излезе на сцената, како што пренесуваат тамошните медиуми, Педро Енрике на шала се пожалил дека се чувствува уморен.

Зад себе ги оставил сопругата и едномесечната ќерка.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com