Бразилска фудбалска легенда киднапирана од сопругот на неговата – швалерка (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Во ноќта од саботата кон неделата, во Бразил исчезна 52-годишниот Марселињо Кариока, една од најголемите ѕвезди на фудбалската бразилска лига и поранешен репрезентативец.

Тој последен пат бил виден на забава на која присуствувал, а неговото возило било најдено недалеку од таа локација. Веќе денеска беше откриено каде се наоѓа. Марселињо ја напуштил забавата во друштво на жена, за која се покажало дека е мажена, а двајцата биле киднапирани од нејзиниот сопруг.

Така барем тврди самиот Марселињо во видеото кое попладнево се појави на социјалните мрежи и во бразилските медиуми. На него се гледаме фудбалерот со фластер за очи, каде објаснува што се случило, а приказната подоцна ја потврди и жената до него. Засега не се знае кои се барањата на киднаперот и во каква состојба се наоѓа поранешниот фудбалер.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com