Бразилската инфлуенсерка и модел Тифани Сантос, позната и како сопственичка на „најсиметричниот задник“, откри дека се запишала на часови по стрелање.
Како што вели, сака да се заштити бидејќи е „убава“. Тифани е многу популарна на социјалните мрежи, а само на Инстаграм ја следат 238 илјади луѓе. Сепак, таа откри дека нејзината убавина и популарност имаат и негативна страна.
Тифани снима содржини и на сајтови за возрасни и се плаши да не ја нападнат љубоморните сопруги на мажите кои ја гледаат. „Да се биде убава доаѓа со многу ризици. Има и многу предности, но морам да се заштитам себеси. Убавината не треба да биде проклетство, но, за жал, тоа е нешто што привлекува внимание, а понекогаш и несакани ситуации. мора да бидам подготвена во случај да ме нападне некоја од жените“, изјави таа за What’s The Jam.
Таа истакна и дека денес не е доволно само да се биде убав, туку дека човек мора да биде и паметен. „Луѓето не разбираат дека убавината доаѓа со предизвици“, рече таа.
Инфлуенсерката тврди и дека во минатото имала проблеми со демначи. “Добивањето опсесивни и заканувачки пораки од некој што не го ни познавам е застрашувачки. Поради ова, сфатив дека морам да бидам уште повнимателна и подготвена за секоја ситуација, како на интернет, така и во реалниот живот. Не можам да си дозволам да бидам невнимателна, особено кога таквите луѓе може да демнат наоколу.“
И покрај тоа што добива закани и се плаши од „туѓите сопруги“, Тифани ќе продолжи да го прави она што најмногу го сака, а тоа е споделување предизвикувачки содржини со своите следбеници.
Манекенката стана вирална пред два месеци откако се прошета низ Лондон носејќи само боја за тело. Таа на овој начин сакаше да ја бодри бразилската фудбалска репрезентација, а не очекуваше да добие толку лоша реакција од јавноста. Многумина почнаа да ѝ се закануваат поради нејзиниот потег.
„Очекував некои критики, но не можев да замислам дека ќе бидат толку интензивни. Добив многу директни закани што ме натераа сериозно да размислувам за правна постапка. Интернетот може да биде многу сурово место“, рече таа тогаш, додавајќи дека таа само сакала да се изрази на уметнички начин. Многумина на социјалните мрежи ја нарекоа срам и ѝ порачаа да не се враќа дома. Таа, пак, не мислела дека нешто згрешила. „Сакав да му оддадам почит на Бразил и да покажам гордост кон моите корени“, изјави манекенката која тогаш го заклучи својот профил на Инстаграм.