Меиривоне Роча е девојка од Бразил која го привлече вниманието на светската јавност со својата необична венчавка.
Можеби очекувавте некоја необична дестинација, црна венчаница или нешто слично – но не! Меиривоне се омажи за кукла од партали.
Нејзината мајка ѝ направила кукла од партали по име Марсело бидејќи нејзината ќерка била многу несреќна што сите нејзини пријателки имаат некој, а таа била сама. Кога го видела Марсело на нејзината мајка, веднаш почувствувала „пеперутки во стомакот“ и знаела дека тој е „оној“.
Нивната романса била многу бурна, вели девојката, па дури решиле да се венчаат. Односно, Меиривоне одлучила, а претпоставуваме дека Марсело само кимнал со главата. На свадбата одржана во 2018 година присуствувале 250 гости.
37-годишната сопруга го опишува својот сакан како „прекрасен, но мрзелив“.
“Кога бев помлада, често немав партнер за форро (традиционален танц на североисточен Бразил). И тогаш Марсело влезе во мојот живот и одеднаш сè имаше смисла. Затоа решив да се омажам за него и беше убаво, и потоа се забавувавме и на првата брачна ноќ“, открила возбудената невеста, пишува Дејли Мејл. Меден месец го поминале уживајќи една недела во куќа на плажа во Рио де Жанеиро и веднаш се фатиле за работа.
“Тоа беше прекрасен ден за мене, многу, многу емотивен. Тој е човекот кој отсекогаш го посакував во мојот живот. Нашиот брачен живот е прекрасен. Не се караме и тој целосно ме разбира, тој е многу добар и верен сопруг. Им завидувам на сите жени“, гордо додава таа.
Сепак, нејзиниот брачен живот не бил секогаш „мед и млеко“, со оглед на тоа што таа е единствената која работи и ги плаќа сметките.
“Марсело има толку многу одлични квалитети, но неговата мана е што е мрзелив. Воопшто не прави ништо. Сепак, јас сум борец, па работам и за двајцата”, се пожалила таа.
Парот го добил првото дете, а Меиривоне откри дека го ’родила’ за само 35 минути. Со помош на медицинска сестра и лекар таа родила „бебе кое многу личи на својот татко“.
Таа признава дека ја вознемирува тоа што луѓето ѝ кажуваат дека сѐ е лага, бидејќи, како што вели, била воспитана секогаш да ја кажува вистината. Таа ги уверува сите дека е многу среќна со својот сопруг.
И тогаш во 2022 година, бракот станал турбулентен. Открила дека нејзиниот Марсело ѝ праќал пораки на друга жена. Нивниот брак висел на конец поради измамата. Таа за Дејли Мејл изјавила дека открила дека тој одел во мотел со друга жена и нашла пораки на неговиот мобилен телефон.
“Бев многу тажна и едвај можев да спијам. Многу го сакам мојот сопруг, а тој негираше дека ме изневерувал. Дознав преку пријателка која ми кажа дека го видела Марсело како влегува во мотел со друга жена, додека јас бев во болница три ноќи и три дена со нашиот син Марселиња, кој фати некој вирус, на почетокот мислев дека ме лаже, но потоа му прекопав преку мобилниот телефон и ги видов нивните разговори, а потоа бев сигурна дека ме изневерува.“, откри таа во видеото на TikTok, кое собра повеќе од 1,6 милиони прегледи. После тоа спиеле во посебни соби, но таа не го оставила поради децата.
Успеаја да ја надминат таа криза и на почетокот на годината добија близначки – ќерките Марсела и Емилија, кои исто така личат на нивниот татко.
„Не ни е лесно, но е многу емотивно. Во секојдневниот живот, јас и Марсело имаме многу работа со децата, а мораме да се грижиме и за првороденото. Кога сум уморна, мојот сопруг помага при капење, хранење и заспивање на децата“, открива таа за Daily Mail.