Бразилка, мајка на две деца загина за време на новогодишна прослава, откако огномет и заглави во облеката.
Елизангела Тинем (38) загина кога и експлодираше огномет на бразилска плажа среде собир, пренесува Дејли мејл.
На социјалните мрежи се појави видео од 24 секунди на кое се прикажани моментите пред смртта на туристката на плажата во Праја Гранде, Сао Паоло.
На вознемирувачката снимка може да се види толпа луѓе кои стојат во областа и гледаат огномет на небото над нив.
Одеднаш, камерата се врти наоколу за да покаже блесоци на светлина поблиску до земјата, проследени со силен тресок.
Голем број луѓе скокаат од експлозијата, додека други, меѓу кои и оној кој го снимил немилиот настан, почнуваат да бегаат. Кога камерата се враќа назад, се гледа тело кое лежи на земја.
Двете деца на Елизангела биле сведоци на смртта на нивната мајка, а нејзиниот погреб треба да се одржи попладнево во нејзиниот роден град Сао Паоло, пишува Дејли мејл.
Очевидецот Луиза Фереира (20) за локалниот весник изјави дека на плажата биле поставени неколку неовластени огномети.
„Видов голем блесок само што удри на полноќ и ја гушкав мајка ми, а потоа сите почнаа да врескаат. Видов жена како лежи на земја и крвареше кога отидов да погледнам, а момчето што беше со неа исто така беше на земја“ – изјави Луиза, која беше сведок на ужасната сцена.
Тој наведува дека другите лица истрчале да побегнат од областа.
Наводно, 41-годишниот роднина на жртвата и рекол на полицијата дека огнометот експлодирал откако се заглавил во нејзината облека.
Потврдено е дека пиротехничкото средство не го активирало семејството и сега е во тек истрага која се очекува да доведе до обвинение за убиство од небрежност, доколку се најде лицето кое го испукало огнометот во воздух.
Elisangela Tinem, 38, a Brazilian mum of 2 boys died when a firework got stuck in her clothes and exploded on New Year's Day. pic.twitter.com/WI7SraruEQ
— OnlinePikin (@Online_Pikin) January 3, 2023