Бразилка во петтиот месец на бременост заигра на натпревар и ја крена публиката на нозе! (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Бразилската одбојкарка Присила Оливеира Хелдес го привлече светското внимание бидејќи уште во петтиот месец од бременоста играше на меч за својот тим Флуминенсе во бразилското првенство. Хелдес играше во четвртфиналната плејоф серија на бразилското првенство и блесна на позицијата техничар во која настапуваше и за репрезентацијата на Бразил.

 

 

33-годишната Бразилка со фантастични потези ја крена публиката на нозе, иако трудничкиот стомак веќе се забележуваше на прв поглед. Сепак, нејзиниот Флуминенсе испадна од плеј-офот, бидејќи Сеси-Бауру ја доби оваа четвртфинална серија со 2:1 и се пласираше во полуфиналето.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com