Поранешниот фудбалски репрезентативец и претседател на синдикатот на фудбалери, Панче Ќумбев заедно со велешката гостилницата „Боем“ ја продолжија хумантираната акција за време на пандемијата од коронавирусот.
Имено, тие поделија 400 оброци за погодените од кризата во пресрет на големиот христијански празник, Велигден.
“Денес гостилница Боем и Панче Ќумбев со семејството нахранија 400 луѓе …..
Нека биде провокација за сите кои имаат ПОВЕЌЕ да дадат на оние кои имаат ПОМАЛКУ
ВЕЧНИ ВЕЛИГДЕНСКИ ПРАЗНИЦИ“, пишуваше на Фејсбук профилот на “Боем“.
Инаку, при поделбата на ручекот од гравче, риба и салата се вклучија и волонтерите на Општинскиот Црвен крст и хуминитарката Ленче Здравкин.