На последната објава на својот Инстаграм профил гитарскиот виртуоз Влатко Стефановски објави фотографија со неговата ќерка Ана и радосна вест.
– Мојата ќерка Ана Стефановска ја одбрани својата докторска теза на Универзитетот Подова, Италија. Браво Ана – напиша Влатко на англиски јазик во прилог на фотката со Ана и доби многу честитки.
Инаку, Ана пред два месеци наполни 31 година.
Што се однесува до синот на Влатко Јан, од татко си ја наследи љубовта кон музиката и веќе некое време свири тапани како дел од “Влатко Стефановски трио.“ Јан оваа години беше и матурант во гимназијата “Нова“.