Фотографија од премиерот на Бугарија, Бојко Борисов како спие гол во спална соба покриен со прекривка, предизвикаа огромно внимание, а Борисов ги обвини противниците дека го напаѓаат со компромитирачки материјали за да го спречат во две важни цели кој треба да се постигнат во јули – влез на Бугарија во банкарската унија и во еврозоната. На фотографиите се гледа и наткасна до него, на која стојат пиштол и банкноти од 500 евра.
“Човек има свој личен простор. Како може да дојдат да ме снимаат? Можеле да ме снимаат и како ‘рчам, ако го правам тоа воопшто. Од каде да знам дали го правам. А, ако се откриев?… Ова ли е демократијата која ја сакавме? Немам ли право да си легнам, да си спијам, а и слатко си спиев, изјавил Борисов.
„Јас сум слободна личност, водам нормален живот. Целта е да нè уништат ментално, а потоа и да не нападнат физички. Загрижен сум затоа што кога спијам, сум беспомошен, рекол Борисов
Тој директно го обвини претседателот Румен Радев дека го следи со дрон кој го добил од Кина.
Претседателот се подготвува да ни прави лоши работи. Очигледно, тие не можат да нѐ победат на избори, затоа ќе бидам буден. Претседателот Радев ја премина границата и си дозволува да крене беспилотно летало и да ме фотографира – рече Борисов.
Над терасата, пред влезот и кога ќе викнам и ќе им кажам: Зошто не реагирате, овој дрон доаѓа на оддалеченост од еден метар од мене, можеби носи експлозив, тие велат: „Па претседателот го управува,, независен!“ Јас лично велам дека ме следи со беспилотно летало – обвинителството да се јави во НСО (Националната служба за заштита) и да ги праша – рече бугарскиот премиер.
Тој вели дека станува збор за напад како од учебниците на КГБ.
Имаме систем да го урнат дронот, но тие одат, му кажуваат дека сум налутен и тој си го прибира – рече Борисов појаснувајќи дека Радев лично го управува дронот.
Тој уште дополни дека според бојата на прекривките во неговата соба, фотографиите се направени пред евроизборите. На една од фотографиите се гледа како разголениот Борисов спие до шкафче во кое има купчиња банкноти од по 500 евра. Над шкафчето е оставен и пиштол и стар модел на телефон со приклучени слушалки.
Инаку, по втор пат во една седмица до медиумите се испратени компромитирачки информации против Борисов. Пред неколку дена, анонимно беше објавена аудио снимка, на која се слуша глас кој многу потсеќа на Борисов како на непримерен начин ги коментира претседателот на бугарскиот парламент и заменикот премиер. Истот глас се фали дека и наредил на независна ревизорска куќа да ја истражи работата на една бугарска компанија. Обвинителството почна истрага за овие снимки за да утврди дека настанале со незаконско прислушување или се измонтирани со цел да му се нанесе штета на Борисов.