Преработката на песната „Бела чао“ од Драган Спасов – Дац и Александар Митевски, која ја насловија „Корона чао“, стигна и до бугарскиот премиер Бојко Борисов. Тој возејќи во својата кола ја слуша новата песна и воедно го преведува текстот на бугарски и порачува дека лесно ќе се справи со корона вирусот.
„Само со заеднички напори, борбеност и дисциплина ќе се бориме против корона вирусот. Благодарност до сите бугарски државјани кои ги следат правилата само така ќе се вратиме во нашите нормални животи. Благодарност и до Драган Спасов Дац и Александар Митевски. Северна Македонија може да смета на нашата поддршка!,“ напиша Бојко на својот Фејсбук профил.
Само с общи усилия, дух и дисциплина ще се преборим с коронавируса. Благодаря на всички български граждани, които спазват правилата. Само така ще се върнем към нормалния си живот. Благодаря и на Дац & Александар / Dragan Spasov Dac & Aleksandar Mitevski. Северна Македония може да разчита на нашата подкрепа!
Posted by Boyko Borissov on Saturday, April 25, 2020