Именувањето на Милош Лучиќ на позицијата министер за човечки прави и избеглици во Советот на министри на Босна и Херцеговина, потврдено е денеска во Преставничкиот дом на Парламентарното собрание на БиХ. За него гласале 22 пратеници, 15 биле против, а еден бил воздржан.
И се бил било во ред ако не се работо за контраверзна личност. Имено, Лучиќ во средното училиште една година “паднал“. Тој завршната четврта година ја повторувал, наводно поради проблеми со еден од професорите.
И на факултет Лучиќ не се прославил. Тој бил “вечити“ студент, студирал дури 12 години, со образложение, во тој период ја градел банкарската кариера. Подоцна, Милош Лучиќ експресно ги положил сите испити на универзитетот во Бања Лука.