Босанскиот глумец Драган Јовичиќ (67) почина во болница во Сараево, каде се лечеше од здравствени компликации предизвикани од коронавирусот, пренесуваат босанските медиуми.
Оваа вест ја потврди и раководството на Камерниот театар 55, чиј долгогодишен член беше и првакот во драмата.
Драган Јовичиќ е роден во Рогатица на 22 ноември 1953 година и беше босански актер во филм и театар. Студиите за глума ги завршил во 1976 година на Катедрата за сценски уметности на Филозофскиот факултет во Сараево.
Добитник е на бројни актерски признанија и награди, вклучувајќи ја и „Наградата на шести април“ на градот Сараево за придонес во уметноста на театарот.