Државјанка на Босна и Херцеговина која била пријавена како невработена во Заводот за вработување во Австрија ја измамила државата бидејќи дополнително заработувала од издавање недвижности во друга земја.
Имено, австриската полиција ја открила измамата на Босанката, која наводно од 2016 до 2021 година неовластено примила околу 30.000 евра социјална помош. Таа примала надомест за невработени, но затаила дека изнајмува 17 апартмани и вили во Хрватска.
Освен тоа, се наведува дека не пријавила поголем број престои во странство.
Со голема истрага австриските власти успеале да докажат дека обвинетата имала приходи од изнајмување на споменатите недвижности во износ од околу 80.000 евра.