Бојан Боровчанин, помошник на директорот на КЦ на Србија за општи безбедносни работи, бил на лице место во Ургентниот центар кога било донесено рането женско лице од ОУ „Владислав Рибникар“. Како што рече во својата изјава, поради се што видел при носењето пациенти, веднаш сфатил дека во училиштето владее ужас.
Посебен стрес доживеал кога видел ранета девојка која била облечена како неговата ќерка, бидејќи мислел дека неа ја носат.
„Работам како помошник директор на ЦК на Србија за општи работи и безбедност и добивме информација дека во Врачар имало пукање и дека има многу убиени деца и многу ранети. Во тој момент истрчав до Ургентниот центар и по неколку минути пристигна брза помош со рането девојче“, вели Боровчанин.
Девојчето што го извлекле имало панталони и боја на коса како неговата ќерка, а работникот што ја носел, повраќал и плачел, сведочеше Боровчанин.
„При носењето на девојчето видов слични панталони и иста боја на коса како мојата ќерка. Се смрзнав, но дојдов поблиску и видов дека тоа не е мое дете. Но тоа чувство, момент на страв и болка… Кога ќе видите дека работникот кој бил на местото на злосторството излегува од возилото и повраќа и плаче, тоа беше мојата прва слика дека таму има ужас“, вели тој.
Тој не бил единствениот родител кој го барал своето дете.
„Зборував со докторот кој го однесе неговото дете таму. Моли се на Бога детето да е во болница и да го најдеш, бидејќи ако не го најдеш, значи дека е мртво“, вели Боровчанин за „Прва“.
13-годишниот ученик од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар уби осум ученици од тоа училиште и чуварот Драган Влаховиќ.