Долгогодишниот прв голман на македонската ракометна репрезентација, Борко Ристовски, би требало да биде едно од засилувањата што ќе пристигнат во Вардар до крајот на оваа натпреварувачка сезона.
„Вардарци“ веќе најавија нови имиња што би им помогнале успешно да ја довршат сезоната, а прв на нивната листа се наоѓа токму Ристовски, за кого овој трансфер би претставувал враќање назад во „црвено-црното семејство“, објави „Екипа“.
Инаку, Борко Ристовски успешно ги брани боите на Бенфика, клуб со кој има договор до јуни 2021 година. „Вардарци“ веќе испратиле и официјална понуда до македонскиот голман