Борис Џонсон позитивен на коронавирус (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон објави видео на Твитер каде вели дека е позитивен на коронавирусот.

Џонсон вели дека му се појавиле благи симптоми и температура, при што се тестирал за вирусот и тој излегол позитивен. Тој побара да се следат мерките на владата и порача дека оваа ситуација ќе се преброди.

Велика Британија моментално има 11,658 случаи на коронавирус, при што 578 се починати.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com