Поранешниот британски премиер Борис Џонсон (59) и неговата сопруга Кери (35) деновиве привлекоа внимание при прошетка во Оксфордшир.
Тие учествуваа во традиционалниот благослов на земјата – обичај што се случува во зимските месеци за што подобар успех на пролетната сеидба.
Парот излезе во лежерно издание. Со нив била и нивната двегодишна ќерка Роми Ајрис, а тие го прошетале и своето куче. Во еден момент на Роми и здосадило одењето, па Борис ја ставил на раменици.
Покрај Роми, Борис и Кери имаат постар син Вилфред и 6-месечен син Френк. Џонсон има четири деца со поранешната сопруга Марина Вилер – Лара, Мајло, Касија и Теодор. Џонсон имаше ќерка со Хелен Мекинтајр во 2009 година, а идентитетот на нивната ќерка останува непознат.
Пред бракот со Марина Вилер Џонсон беше во брак со Алегра Мостин-Овен, но тие немаа деца.
Извор: Индекс.хр