Фото. Стори
Хрватскиот пејач Борис Новковиќ доби ќерка со 26-годишната Ирис која студира моден дизајн. Тие станаа родители на девојче, кое доби необично име. Родителите одлучиле таа да се вика Си. Ова е прва ќерка на Новковиќ, кој веќе има два сина од два претходни брака, а на Ирис ѝ е прво дете.
“ Пресреќен сум. Бев на породувањето и се беше во ред. Ирис и јас го избравме името. Корените на името се хебрејски, а го има дури и во Кина“ – изјави Борис.
Инаку, поради разликата во годините, дури 25, многумина не предвидуваа дека нивната врска ќе потрае. Како што изјавил Борис, наскоро со Ирис ќе се венчаат откако пред неколку месеци се верија.