Борис Бекер и неговата 23 години помлада сопруга Лилијан де Карваљо Монтеиро го очекуваат своето прво дете!
Поранешниот германски тенисер Борис Бекер ја сподели добрата вест на својот официјален Инстаграм профил во форма на емотивно видео.
Неговата сакана гордо позираше пред објективот на камерата, а нејзиниот труднички стомак, беше забележлив.
„Мало чудо доаѓа. Најдоброто допрва доаѓа“, напиша тој во описот на фотографијата, а бројни корисници на мрежата испратија честитки и позитивни реакции.

Веста за бременоста доаѓа откако 57-годишникот веќе ја објави својата желба да има дете со својата партнерка Лилијан во своето прво интервју по неговото предвремено ослободување од затвор во 2022 година.
„Сè што ме мотивира е поради моите деца“, рече Бекер во 2022 година по речиси седум месеци во затвор.
