Поранешниот тенисер Борис Бекер (56) тајно се ожени со Лилијан де Карваљо Монтеира (33).
Германски Вог ги објави првите фотографии од венчавката во Портофино, Италија. Бекер беше во беж костум со црна машна, а Лилијан блескава во венчаница без прерамки. Како што пишува Вог, на свадбата имало околу 80 гости.
Запросувањето наводно се случило во 2021 година во катедралата во Милано.
Лилијан, менаџер за проценка на политички ризик од островот Сао Томе и Принципе, е со Бекер веќе неколку години. Тие се преселиле заедно во Милано по неговото ослободување од затвор, каде што отслужил осум месеци од две и пол години затвор за измама по личен банкрот.
Магазинот „Бунте“ објави дека Бекер на неговото заминување во 2022 година рекол: „Преживеав поради нејзината љубов. Да, таа е големата љубов на мојот живот. И се надевам дека секогаш ќе бидам со неа“.
Монтеиро, која има три дипломи и зборува пет јазици, потекнува од угледно семејство. Нејзиниот татко беше министер за одбрана на Сао Томе и Принсипе и претседателски кандидат во 2014 година.
За Бекер ова е трет брак. Тој се ожени со својата прва сопруга Барбара во 1993 година, а се разведе во 2001 година, откако тенисерот призна дека имал афера додека неговата сопруга била бремена со нивното второ дете.
Потоа се ожени со Лили Бекер, но се разделија во 2018 година по девет години заедно.