Третата сопруга на Бора Ѓорѓевиќ, Дубравка Милаковиќ (42) која е 30 години помлада од него, го промени рокерот за 180 степени.
Откоа прво се разведе со Драгана, која си го одзеде животот во март 2007 година, многумина помислија дека Бора веќе нема да се жени. Но, во 2010 години фронтменот на Рибља Чорба се заљуби во 28 години помладата Александра, се венчаше во 2014, а се разведе. Токму тогаш започна и романсата со Дубравка на која и посвети и книга.
– Со Дубравка почнав да живеа здрав живот, престанав да пушам и пијам. Со неа си го продолжив животот. Инаку, таа избегава да се фотографира и па дури ја наговарав да објавиме фотографии во книгата која и ја посветив. Се трудиме да ја зачуваме нашата приватност. Но, ме следат новинарите и пишуваат сешто, – изјави Боро за “Стори“.