Бони Блу предизвика возбуда откако тврдеше дека спиела со 1.057 мажи за само 12 часа.
Ѕвездата на OnlyFans, која славата ја бара со низа необични акробации, вклучително и обиколки на универзитети за да спие со „едвај легални“ мажи, сега тврди дека спиела со повеќе од 1.000 мажи за половина ден.
Но, нејзините тврдења беа дочекани со сомнеж – бидејќи иследниците на TikTok тврдеа дека таквата статистика всушност не е возможна.
Саманта Картрајт од Лондон се обиде математички да докаже на TikTok дека е невозможно да се спие со толку многу мажи за толку кратко време. Имено, 25-годишната манекенка, чие вистинско име е Тиа Билинџер, изјавила дека поставила нов „светски рекорд“ за секс со најмногу мажи во еден ден.
Ако е вистина, тоа би значело дека Блу го соборила светскиот рекорд на актерката од филмови за возрасни Лиза Спаркс во 2004 година за спиење со 919 мажи за 24 часа. Сепак, Саманта не брзала да ѝ поверува на Бони, бидејќи нашла некои дупки во математиката. На својот профил на TikTok, таа рече: „Доказ дека Бони Блу лаже околу 1000 мажи. Направив математика за да го докажам тоа.Бони тврдела дека имала секс со 1.057 мажи за само 12 часа, што на секој маж би му дало по една минута и 21 секунда. Но, таа тврди дека го направила тоа за половина од тоа време, што го намалува времето за секој маж на 40,8 секунди.“
Саманта тврдеше дека таа и нејзиниот партнер го испробале тајмингот „чисто за истражувачки цели“ и потврди дека тоа не било успешно.
Таа продолжи: „Ова воопшто не зема предвид никакви паузи, ѝ требале паузи за тоалет, требала да се хидрира, веројатно ќе и треба пауза за плачење. Ако мислевте дека може така со 88 луѓе на час. Постојат и други причини надвор од логиката дека тоа не може да биде вистина.
Саманта тврдеше дека, според Chat GPT, просечното „крајно време за маж“ е помеѓу пет и седум минути.
Таа додаде: „Дури и да земеме во предвид дека мажите лажат за сѐ и да го преполовиме тоа време, никој нема да биде среќен со тоа искуство“.