Во кафуле во Инѓија, Србија синоќа е фрлена бомба, а како се одвивала кобната ситуација покажуваат снимките од надзорните камери.
На почетокот луѓето мирно седат на терасата во кафулето, а потоа почнува да се случува целиот xаос.
Двајца мажи трчаат наоколу, а потоа втрчале во барот, по што доаѓа напаѓачот кој фрлил експлозивна направа, објавено е на страницата на Инстаграм Мој Белград.
Да потсетиме, Д.К. бил тешко повреден кога З.Р. фрлил рачна бомба во кафулето каде што седел ранетиот.
Пред да ја фрли бом6ата, напаѓачот со пишт0л пукал кон Д.К., но промашил.
Потоа се оддалечил од локалот и по неколку минути се вратил и фрлил рачна 6омба.
Ранетиот во ДЗ Инѓија се пријавил со повреди на вратот, додека по напаѓачот се трага.
За среќа, гостите на кафулето успеале да побегнат, па никој не е повреден, а од јачината на детонацијата биле иcкршени сите стакла во кафеаната.