Турските разузнавачки служби вчера спречиле обид за атентат на претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавија турските медиуми.
Експлозивна направа е пронајдена под полициско возило кое обезбедува митинг за поддршка на Ердоган во југоисточниот град Сирт, пишува Блумберг.
Бомбата, која била пронајдена само неколку моменти пред почетокот на митингот, набрзо била деактивирана.
Форензичарите ја скенирале експлозивната направа и полициското возило во потрага по отисоци од прсти, авеќе е започната истрага за можниот сторител.