“БОМБА“ ОД ШПАНИЈА: Барселона го сака репрезентативниот голман Столе Димитриевски

by Тони Зографски

Барселона е сериозно заинтересирана да го ангажира македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски, е веста која утринава вирално се шири по шпанските медиуми и на социјалните мрежи.

Целата приказна ја инцира новинарот Хозе Алварез, чии информации најчесто се потврдуваат како точни. Каталонците не се задоволни од формата на Тер Штеген и бараат чувар на мрежата кој би бил далеку посигурен.

Димитриевски сезонава е голман со највисок процент на одбранети удари во Ла Лига и тоа со дури 80,6-отсто, па неговата форма очигледно го привлече вниманието на гигантите. За разлика од Македонецот, Тер Штеген е втор одзади со само 56,8-отсто одбранети удари.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com