Рачна бомба од Првата светска војна е пронајдена во товарен камион, кој од Франција стигнал во Хонконг во фабрика за чипс.
Експлозивната направа во должина од осум сантиметри, била во „нестабилна состојба“, пренесе локалната полиција.
Бомбата била откриена за време на товарење на компир во фабриката, па се претпоставува дека направата завршила во компирите при ваѓање од земјата.