Американската манекенка, инфлуенсерка и дизајнерка Лиза Опи привлече внимание веднаш штом се појави на плажата во Канкун – додека таа уживаше на плажата, уживаа и папараците.
Оваа убавица која обожава да ги покажува своите природни облини, позираше во нежно розе бикини со златни детали, а на плажата уживаше со кокос и си правеше селфифотографии.
Интересно е што таа беше целосно нашминкана за оваа пригода, па во неколку наврати и ја поправаше шминката.
Лиза престојува на оваа дестинација поради свадбата на нејзините најдобри пријатели, па така решила слободното време да го искористи за малку сончање.