Дури 34 лице се заразиле од коронавирус по настапот во празната сала Болшој театорот во Москва, јавуваат странските медиуми. До масовната зараза дошло откако балетска група во живо извела престава што ја пренесувала руската државна телевизија. Публиката, не била приситна, бидејќи во Русија е на сила забраната на движење.
-Сите 34 заразени вработени во Болшој беа асимптоматски, но им беше забрането да учествуваат во концертот што се одржуваше во празна сала, но се емитуваше во живо на државната телевизија во саботата,- изјавил директорот на театарот Владимир Урин.
Тој тврди дека ниту еден од „неколкуте стотици“ други кои биле вклучени во организирањето на концертот на Болшој театарот не се покажал како позитивен.
-Без исклучок, целиот персонал на театарот, вклучувајќи ги чуварите и инженерите, беше тестиран за коронавирус два дена пред концертот , рече Урин за државната новинска агенција ТАСС.
-Триесет и четири лица беа позитивни на коронавирус. Немаа треска или јасни знаци на болест, но сите прекинаа со работата и беа испратени во карантин , рече Урин.
Инаку, Владимир Урин претходно ги процени дневните загуби на театарот „Болшој“ од неговото затворање на 114,000 американски долари на ден и предупреди дека легендарниот театар е во опасност да се затвори ако Москва остане во парализа до септември.