Болницата каде што се лекуваше српскиот тренер Синиша Михајловиќ објави дека неговата здравствена состојба е одлична.
Михајловиќ беше пуштен од болницата во Болоња, каде што го помина првиот циклус на лекување на леукемијата.
Неговиот клуб објави и официјално соопштение од болницата, каде што пишува дека на Михајловиќ му била направена трансплантанција на коскена срж на 29 октомври.
– Михајловиќ на 22 ноември 2019 година беше отпуштен од Институтот за хематологија откако му беше направена трансплантација на коскена срж од непознат донатор на 29 октомври 2019 година. состојбата на пациентот е одлична“, пишува во соопштението.
Спорт1