Можеби најубавата жена на светот, манекенката Бела Хадид (23), ја отворила душата и зборувала за својата борба против Лајмската болест која што трае веќе 8 години.
Таа се огласила на социјалната мрежа Инстаграм и навела кои непријатни симптоми ги чувствува.
Имено, таа спомнала дека симптомите се: главоболка, замор, анксиозност, промена на расположението, потешкотии во дишењето, несоница, нерегуларно отчукување на срцето, конфузија, чувствителност на светлина и врева, дисфункција на тироидната жлезда, болка во абдоменалниот предел, мачнини, кандида, потешкотии со вежбање, воспаленија во телото, болка во зглобовите, промена на телесната температура, како и необјасниво потење.
„Невидлива болест… Секој ден чувствувам барем по 10 од горенаведените симптоми. Од своја 14-та година, а симптомите станаа поагресивна откако наполнив 18 години“ – напишала манекенката.
Пред околу 5 години, Бела за „Evening Standard“, првпат почнала да зборува за тешкотиите кои што ги носи со себе Лајмската болест.
– Тоа влијаеше врз мојата меморија, така што во моментине можев да се сетам како да стигнам од Санта Моника до Малибу каде што живеев. Не можев да возам. Бев премногу болна. Морав да го продадам коњот затоа што не можев да се грижам за него, – изјавила своевремено Бела.