Најдобро платениот боксер во историјата, Флојд Мејведер ќе ги покрие сите трошоци околу погребот на Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицаец, за време на своето приведување кон крајот на минатиот месец.
Според локалните медиуми, роднините на 46-годишниот Флојд ја прифатиле понудата на повеќекратниот светски шампион во бокс. Погребот на Џорџ Флојд ќе се изврши на 9 јуни.
Инаку, убиството на Џорџ Флојд на 25 мај предизвика големи немири во Соединетите држави и доведе до судири меѓу граѓаните и полицијата во скоро секој поголем град во земјата.