Бојан Јовановски утрово од истражниот затвор „Скопје“ беше донесен во Апелациониот суд, каде што на јавна седница ја образложи својата жалба со која бара укинување на мерката притвор.
-Покрај тоа што мојот бранител наведе дека сум два пати неуспешно опериран, би додал дека мојата состојба е животно загрижувачка. И покрај волјата на затворскиот лекар да помогне, во затворот нема услови. Дури 81 ден немам соодветна лекарска помош. Операциите се по сопствена волја, но со лекарска грешка. Некаков нерв од желудникот ми е пресечен и затоа ми се враќа храната. Имам проблем и со белите дробови, рече Јовановски пред Апелационите судии објави фокус
-Треба да бидам жив и здрав, а не мртов. Исто така нема да бегам, ниту мојот ментален склоп укажува дека би се дал во бегство. Кога бев лишен во слобода не бегав, туку имав уплатен одмор во Грција. Живеам за докажување на вистината за овој случај и за докажување на мојата невиност. Ќе учествувам во фер кривично правна постапка. Го молам судечкиот совет мене ми е неопходно строго хигиенско лекување и затоа да ја уважи мојата жалба, рече Јовановски.