Боки 13 однесен во затворот Идризово

by Тони Зографски
Обвинетите за случајот Рекет, Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева да бидат спроведени од домашен притвор во затвор на издржување на затворската казна. Ваква наредба е дадена откако Апелациониот суд ги одби жалбите на обвинетите во случајот Рекет и на Јавниот обвинител и ја потврди провостепената пресуда во целост. По комплетирањето на предметот тој се доставува до судија за извршување санкции, кој издава наредба за спроведување во затвор.

Јовановски е спроведен во затворот Идризово, каде треба да ја издржува казната затвор од девет години, потврдил на 24 вести, директорот Јовица Стојановиќ.

Предметот ќе биде доставен и до судија за извршување санкции при Основниот суд во Гевгелија надлежен според место на живеење за понатамошно постапување за обвинетaта Катица Јанева, соопштуваат од Кривичен суд. Поранешната специјална обвинителка Јанева е осудена на седум години затвор.

Јанева за случајот „Рекет“е осудена за „примање награда за противзаконито влијание“ и „злоупотреба на службена положба и овластување, а Јовановски казната ја доби за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com