Eмотивно писмо напиша Бојан Јовановски, познат како Боки 13, по повод роденденот на сега затворената 1 ТВ, во кое главниот акцент го става на главниот и одговорен уредник на оваа сега бивша ТВ, Ацо Кабранов со кого ја сечеа црвената лента при отворањето на оваа телевизија.
“Беше четврток, 29.03.2018 денот кога се отвори 1ТВ, се отвори медиум кој беше направен со многу љубов а згасна со многу омраза. Секојдневно се трудев да го разбијам шаблонизираниот новинарски пристап при реализацијата на телевизиската програма и барав повеќе и повеќе. Од тоа мое “повеќе и повеќе” јас си го изедов највеќе!
Од оваа дистанца, жалам што не ги предвидов сите аспекти и жалам што верував на поединци кои беа поставени на високи раководни позиции токму од мене. Јас им дадов шанса, а тие ми вратија со нож во грб, дел од нив ги “оживеав”, беа заборавени и потонати во своите самозамислени новинарски величини, длабочини… Новинарите беа почитувани и вреднувани, дел од нив тоа го заслужуваа, беа посветени и одговорни, се трудеа бидејки имаа мотив, слобода и предизвик да создадат нов медиум, само имаа еден хендикеп, им требаше главен и одговорен уредник кој ќе ги води и насочува, а не лице кое со платен превоз доаѓаше на работа последен, а прв со платениот превоз си заминуваше! Описот на неговиот работен ден беше следново, половина од денот го преспиваше во удобните фотељи низ телевизијата, останатиот дел од денот го проаѓаше на својот лап топ, допишувајки се со “жолтите” и им даваше информации да ги пласираат на жолтите портали (тоа го прави и ден денеска), на колегиуми беше нем посматрач кои обожуваше да ги пробува моите огромни црни очила за сонце и со нив да си седи како супер рок ѕвезда на сред редакциски колегиум, другиот дел од работниот дел го поминуваше повторно во удобната фотеља во мојата канцеларија, јадеше, пиеше, спиеше, а за време пауза на овие три активности малку озборувавме и помалку разговаравме.
И тогаш ги разбирав новинарите кои што секојдневно се жалеа дека немаат уредник, а денеска вистински им се извинувам БИДЕЈКИ ЈАС СУМ ВИНОВЕН , што го дозволив сето тоа, што не постапив согласно правилата на работа и поставување на хиерархијата на правилен начин. Рака на срце , единствено заменичката на главниот уредник, Гордана Дувњак се грижеше и за новинарите и за уредувањето, го менуваше и покриваше филмскиов главен уредник и повеќе од што можеше и требаше! И на крајот дојде главниот уредник Ацо Кабранов , кој го чував, чувавме како ретко и скапо декор цвеќе да се жали и лаже најбанално дека јас и Сергеј сме го зезале на телефон и дека сме се мајтапеле со неговиот покоен син.
ЛАГА, БРУТАЛНА ЛАГА И МИЗЕРИЈА, точно е дека сме се зезале јас и Сергеј, но никогаш во негативен контекст и никогаш на болни теми, останатите присутни на тие наши интерни шали и зезања можат да го потврдат тоа, нормално ако имаат барем трунка доблест, ако не тие, тогаш видео документацијата ке го потврди ова што го кажувам!
КАБРАНОВ, ЗА ЖАЛ, ТЕ САКАВ И ПОЧИТУВАВ КАКО МОЈ РОДИТЕЛ, НО ТИ СИ МОЕТО НАЈГОЛЕМО РАЗОЧАРУВАЊЕ, БИДЕЈКИ ТИ ЗНАЕШЕ ЗА СЕ ШТО МИ СЕ СПРЕМА, ТИ ЗНАЕШЕ БАШ СЕ ЗА КОНСТРУКЦИЈАТА НАРЕЧЕНА “РЕКЕТ”, ТИ ЗНАЕШЕ КОЈ МИ ГО СМЕСТИ И НИЗ КАКВА ТОРТУРА ПРОЈДОВ И ПРЕД ДА БИДАМ УАПСЕН, ЗНАЕШЕ ОД КОГО МИ БЕШЕ ПРАВЕНА ТАА ТОРТУРА, ЗНАЕШЕ ЗА ЦЕЛАТА ОПЕРАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДГОТВУВАШЕ, ЗНАЕШЕ СЕ ЗА ИНВОЛВИРАНОССТА НА ЛИЦАТА ОД ВЛАСТА, ЗА ЗАЕВ И НЕГОВИТЕ БУГАРСКИ ПРИЈАТЕЛИ , ( уапсен беше деновиве ) ЗНАЕШЕ КОЛКУ ТИЕ ОД ВЛАСТА МЕ МАЛТРЕТИРАА И ЗЛОУПОТРЕБУВАА, ЗНАЕШЕ ДЕКА ЌЕ ОДАМ КУРБАН ЗА ДА СЕ СПАСАТ ВИСТИНСКИТЕ ЛОПОВИ, КРИМИНАЛЦИ И РЕКЕТАРИ ! ЗНАЕШЕ СЕ И ЗБОР НЕ ИЗУСТИ, БИДЕЈКИ НА КРАЈОТ СЕ ИСПОСТАВИ ДЕКА ЛИЧНО ТИ СИ БИЛ СОУЧЕСНИК ВО ЦЕЛАТА ОПЕРАЦИЈА!!! ТИ СО МЕНЕ РАЗГОВАРАШЕ ЗА КАМЧЕВ, ЗАЕВ, РУСКОВСКА, КАТИЦА, ОЛИВЕРА И МНОГУ ДРУГИ… ДЕМЕК МИ ПОМАГАШЕ А ПОТОА ПРЕНЕСУВАШЕ И МЕ МЕСТЕШЕ!!!
ТИ СИ ОНОЈ КОЈ МЕ НАМЕСТИ ДА БИДАМ УАПСЕН НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ЗА ДА ТОА ЛИЧИ НА БЕГСТВО!!! БАШ ТОГАШ ЗЕМА ДА КОРИСТИШ ОДМОР, ТОКМУ ВО ТИЕ КРИТИЧНИ ДЕНОВИ, НА ДЕН 13.07.2019, САБОТА ВО 12:20час ТЕЛЕФОНСКИ МИ СЕ ЈАВИ ДА МЕ ИСПИТАШ КОГА ЗАМИНУВАМ НА ОДМОР НА МИКОНОС, СО КОГО ОДАМ , КОГА ЌЕ ТРГАМ НА ПАТ, ДАЛИ ЌЕ ПАТУВАМ СО КОЛА… БУКВАЛНО ПРАШАЊА НА КЛАСИЧЕН АГЕНТ ПРОВОКАТОР И НА КРАЈОТ ОД РАЗГОВОРОТ НАЈЛИЦЕМЕРНО МИ ПОСАКА СРЕЌЕН ПАТ И УБАВ ОДМОР, ФУУУЈЈЈ, ТОГАШ ВЕЌЕ ТЕ ПРЕПОЗНАВ ДЕКА НАМЕНСКИ И СО ЦЕЛ МИ СЕ ЈАВИ И МЕ ИСПИТА ЗА СЕ ШТО И БЕШЕ ПОТРЕБНО НА БРАТУЧЕТКА ТИ ВИЛМА РУСКОВСКА!
ЕЕЕ АЦО, ТИ СИ ПРАВ ПРИМЕР ЗА ОНАА НАРОДНАТА, РАНИ КУЧЕ ДА ТЕ ЛАЕ, СО МАЛА ИСПРАВКА, НЕ ДА ТЕ ЛАЕ , ТУКУ ДА ТЕ ИСКАСА!!! АЦО, ЕДИНСТВЕНО ДОБРО Е ШТО СИТЕ МОИ И ТВОИ РАЗГОВОРИ СЕ СНИМЕНИ ТОНСКИ И ПОСТОЈАТ, ОВА НАПИШАНОВО Е САМО ЕДЕН МАЛ ДЕЛ ОД ТВОЈАТА ПАКОСТ , ЌЕ ДОЈДЕ ДЕНОТ !!!
За останатите ЈУДИ , ( не за сите нив, за воља на вистината имаше и коректни и чесни ), кои беа дел од уредничкиот колегуим, во некоја друга прилика!!! И за многу други недоречености поврзани со 1ТВ во друга прилика…
Со тебе , Кабранов , ја исеков црвената лента за отворањето на 1ТВ , подобро раката да ја си исечев, наместо таа лента…
За крај ,
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН МОЈА 1ТВ ! БЛАГОДАРАМ НА СИТЕ ЧЕСНИ ВРАБОТЕНИ КОИ БЕА ДЕЛ ОД ТЕЛЕВИЗИЈАТА И ЖАЛАМ ШТО НИКОЈ НЕ СПОМЕНА ДЕКА СО ЗАТВОРАЊЕТО НА 1ТВ , 100-тина СЕМЕЈСТВА ОСТАНАА БЕЗ ПЛАТА И ЕГЗИСТЕНЦИЈА!
И НА КРАЈОТ НАЈГОЛЕМО БЛАГОДАРАМ НА ОНИЕ КОИ ШТО БЕА ГЛЕДАЧИ И СЛЕДАЧИ НА 1ТВ
ОСТАНЕТЕ ВО ДОБРО ЗДРАВЈЕ И СИЛЕН ДУХ”, напиша Боки 13.