Бизнисменот Томе Главчев кој денеска беше сведок во случајот „Рекет“ го нарече Боки 13 интересна „фигурица“. Газдата на конфекцијата „Ноел“ рече дека со Јовановски имал коректна сорботка и неговата фирма се рекламирала во 1 ТВ – објави lider.com.mk
„Ноел дури и изработуваше кошули по нацрти на Боки. Кога во една прилика го прашав за мојот случај поради неговата дружба со Јанева тој ми рече дека сум колатерална штета-објасни бизнисменот на денешното рочиште за предметот “Рекет“.