Синоќа судија на претходна постапка им одреди триесетдневен притвор на Бојан Јовановски познат како Боки 13-ка и бизнисменот Зоран Милевски, Кичеец.
Додека обвинителката Вилма Русковска даваше изјава по распитот, Јовановски беше изнесен од судската зграда и на обвинителката и порача „Зборувате лаги“.
„Се извинувам додека зборувате лаги што ве прекинувам“, рече тој.
Инаку, обвинителката Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски се обидел да избега, па затоа бил задржан на граничниот премин Богородица.
„Сведокот поднесе кривична пријава кај нас и е сослушан. Потоа беше повикан уште еднаш, за да ја дополни кривичната пријава. И други лица се сослушани во својство на сведоци“, рече Русковска и нагласи дека Обвинителството има обезбедено снимки од разговорите меѓу осомничените и сведокот.
фото: А1он