На социјалните мрежи кружи информација дека Бојан Јовановски-Боки 13 бил нападнат во затворот „Идризово“ каде издржува затворска казна. Се уште нема официјална потврда за нападот. Ова се информациите кои кружат на социјалните мрежи, а за кои нема потврда од службите.
Адвокатот на Бојан Јовановски, Сашо Дуковски синоќа немаше добиено информација за проблем со неговиот клиент. Повеќе информации се очекува во текот на денешниот ден.
Инаку, Боки 13 веќе скоро пет години е во затворот. Претходните директори, внимаваа на неговата безбедност, особено што, безбедносната проценка покажуваше дека може да биде нападнат во затворот.