Патнички авион боинг 737 во кој имало повеќе од 50 патници, исчезнал од радарот додека летал над морето. Се се случувало на само неколку минути после полетувањето од Џакарта, пренесува Дејли меил.
Авионот од компанијата Srivijaia Air патувал од Џакарта за Понтианак во Индонезија, а се урнал од висина од околу три километри за помалку од една минута.
– Повеќе од 50 патници загинаа во авионска несреќа близу Џакарта, јавија локалните медиуми.
Станува збор за 27 години стар авион Боинг 737-500, а надлежните најавиле додатни информации за несреќата.