Кенисигтон палатата објави нова црно бела фотографија со која честита Божик, а на неа се наоѓаат принцот Вилијам, кој го бакнува принцот Луи во образот, принцезата Шарлот, која го држи малиот брат и принцот Џорџ, кој седи на столче.
Војвотката од Кембриџ на почетокот на годинава е прогласена за заштитничка на Кралското фотографско друштво, со оглед на тоа што негува силна страст кон фотографијата. Неколкупати е јавно фалена поради одличните фотографии на своето семејство. Скоро сите фотографии од родендените или тргнувањето на децата во училиште или во градинка, ги направила Кејт.
Кејт оваа традиција ја започнала во 2015 година, кога сама ја фотографирала принцезата Шарлот, наместо да вработи фотограф.
За потсетување, вчера принцот Хари, Меган Маркл и нивниот син Арчи објавија божикна честитка и на сите им посакаа среќни божикни и новогодишни празници.
https://www.instagram.com/p/B6eXqjIlOvk/?utm_source=ig_web_button_share_sheet