Холивудската глумица Шерон Стоун сподели фотографија на Инстаграм каде позира во костим за капење и доби бројни комплименти од обожавателите.
Фотографијата на која позира со нејзиното куче ни ја покажува одличната фигура која ја има на нејзини 63 години.
Шерон со објавата ја сподели со своите обожаватели веста дека нејзиното милениче, кучето Џо, е добро откако се врати од ветеринар, па затоа позираше со него на лежалка покрај базенот.
„Шарон, изгледаш спектакуларно“, „Прекрасна си“, „Божица на убавината“, „Мојата омилена актерка“, „Симпатична Шарон“,” Не можете да бидете поубави “,” И двајцата сте преслатки “, се само некои од коментарите што ги доби.
Шерон во последно време е зафатена со промовирање на своите нови мемоари „The Beauty of Living Twice“, а се грижи и за своите три посвоени сина, 20-годишниот Роан, 15-годишниот Лаирд и 14-годишниот Квин.