Моника Белучи важи за една од најубавите жени на светот, и иако има 56 години, изгледа исто толку убаво како пред 30 години.
Ова е поткрепено со фактот дека италијанската модна куќа „Долче и Габана“ ја ангажираше како модел во шестата деценија!
Со брендот „Долче и Габана“ Белучи соработувала и претходно – првпат во 1989 година, а и минатото лето со својата ќерка Дева снимала кампања за брендот.
Инаку, Моника започна да се занимава со модата уште кога имаше 16 години.