Познатиот актер овие денови го промовира филмот „The Union“ со колешката Хали Бери. На една од промоциите тој се појавил со сопругата и нивните четири деца.
Неговата животна партнерка плени со убавина и стил, но Рија Дурам постојано е мета на критики од оние кои сметаат дека Марк Волберг е поатрактивен од својата сопруга.
Акциониот херој, Марк Волберг е во фантастична форма на 52 години, повеќе од забележливо е дека редовно тренира, додека неговата животна партнерка е поопуштена на тоа поопуштена на тоа поле, па не изгледа толку тип-топ затегнато, што не ја прави ништо помалку убава – но, сепак, таа разлика иницира негативни коментари.
Дека Волберг (53) е во одлична форма се видело на премиерите, но и на слики од нивните одмори на егзотични дестинации. Неговата посветеност на тренинзите е навистина достојна за пофалба, но не можеме да се изначудиме од коментарите за изгледот на неговата сопруга Рија Дурам, која порано се занимавала со моделинг. Рија изгледа многу убаво и е поборник за природна убавина. „Критичарите“ изгледа се навикнати на „хејт“, па истакнуваат како „не е во топ форма“ и „како има целулит, што е очигледно“. Не само што пишуваат за тоа, туку и многу остро го коментираат.
„Може да биде со било која, а тој е со неа – зошто?“, „Какви ли сè бомби нему му се нудат?“, „Зарем нема доволно пари да се ослободи од овој целулит?“, се само дел од коментарите на сметка изгледот на Рија, која ја споредуваат со „чист просек“.
Тоа што го кажуваме за другите, открива многу за нас, не залудно се вели. Во меѓувреме, бракот на овој познат пар одлично функционира, од 2009 година, без афери, проследен со неговата слава и сите предизвици кои таквата кариера ги носи.