Поминаа повеќе од две години откако Анџелина Џоли последен пат се појави на црвениот тепих и вчеравечер се потруди да остави впечаток, а на мрежите се споделуваат коментари дека таа е „најубавата жена на светот“.
Џоли покажа дека нејзиниот стил не „исчезнал“ во овој период на отсуство, а откако се појави на бродвејската премиера на претставата „The Outsiders“, на социјалните мрежи се зборува само за нејзината убавина и изданието на овој настан.
https://twitter.com/i/status/1778602392646262820
Таа на премиерата пристигнала со нејзините деца Вивиен и Пакс. Актерката за таа прилика носела златен сатенски фустан кој го прекрила со лелеава кафена наметка со едно копче на врвот.
Изгледот го надополнила со асиметрични обетки на „Saint Laurent“ и отворени сандали. Гламурозното издание го заокружиле црвениот кармин и благо навитканата коса.
На Џоли подоцна на црвениот тепих ѝ се придружија копродуцентот на „The Outsiders“ Џастин Левин и нејзината ќерка Вивиен. Тинејџерката, која ѝ помогнала на мајка си при подготовка на претставата, носела лежерна облека.
Оскаровката изјави пред новинарите дека Вивиен е „главна кога станува збор за театарот во семејството“. Таа отворено проговори и за своите сомнежи во Холивуд, што веројатно го објаснува нејзиното отсуство од црвениот тепих во последните неколку години.
Сепак, се чини дека со последното појавување го надополни повеќегодишното отсуство, бидејќи на социјалните мрежи се нижат коментари за нејзиниот изглед, а многумина повторно ја прогласија за „најубава жена на светот“.