Српската актерка Анѓелка Прпиќ со денови е во фокусот на интересирање на јавноста поради наводната афера со кумот на нејзиниот поранешен сопруг, Дарио Прпиќ, но и поради тврдењата дека останала бремена.
Иако медиумските пишувања не и се баш наклонети, актерката вели дека нема намера да се повлече од јавноста и да оди во илегала, но дека емотивниот живот ќе го задржи за себе.
“Мислам дека нормален човек не се навикнува на овие работи. Зошто би се навикнале на грдото и примитивното? Не ни сакам да се навикнам. Но, од друга страна, не е работата од дрвјата да не ја гледаме шумата. Сега темата сум јас, утре ќе бидеш ти, но всушност се работи за нарушен компас и вредносен систем, каде што темата не е дали се истурил амонијак, туку темата е нешто сосема друго, вели Прпиќ.
Актерката, сепак, вели насловите и пишувањата на медиумите влијаат на нејзиното семејство.
Мислам дека човек, сепак, може да се издигне. Страшно е што не се работи само за мене, туку и за моето семејство и моето дете, но Боже мој, сето тоа ќе го преживееме. Среќна сум што си имам свој свет и навистина тоа не го давам на никого, изјави Анѓелка во утринската програма на ТВ Прва.