Хрватска пејачка Дорис Драговиќ последниве години ретко може да се види на сцената и како што истакнала, потполно му се посветила на семејството.
Дорис е омажена за поранешниот хрватски ватерполист Марио Будимир, со кој го има синот Борно. Своевремено откри дека својот сопруг го сретнала на плажа и тоа било љубов на прв поглед.
Откако ја започна самостојната кариера, по низата бројни хитови, настапи и концерти, таа се повлече и се посвети на семејството.
Дорис откри зошто повеќе не е музички активна.
-Црквата ми значи се. Се ставив на таа карта и дозволив бог да ми помага и да ме води. Тој секојдневно ме потсетува од каде дојдов, каде одам и која сум сега – изјавила пејачката за српските медиуми.
Инаку, Дорис Драговиќ кариерата ја започна во групата “Море“, а во 1986 година ја преставуваше Југославија на Евровизија кога со песната “Жељо моја“ го освои 11-то место.
Фото: Вечерњи Лист