Богдан Илиевски познат како Бетмен Велит, денеска со Фејсбук статус се прости од Јана Арсовска, девојката која пред два дена ја загуби битката со ракот.
“Сите сме материјал од кој сништата се направени.
Сиот наш живот е само сон.
До следен сон, најмила.“, напиша Илиевски на Фејсбук.
Инаку, во четвртокот кога почина Јана, Богдан на својот Фејсбук профил напиша:
“ Јаничке, сестричке…
Не успеавме да те дочуваме, тука меѓу нас.
Сега, ти чувај не нас, таму меѓу Ангелите.
Додека се сретнеме пак…“.
Погребот на Јана Арсовски е утре, од 11 часот, во Охрид.